(ФОТО) Снежна блокада во Европа во април
Објавено во: Свет 20 Април, 2017
Стотици возачи се „заглавени“ во сообраќајниот метеж во централна Австрија. Многу сопственици на автомобили ги смениле зимските гуми со летни поради невообичаено топлото време во март и сега станаа заложници на снежната стихија. Патните служби ги употребија сите расположливи сили за расчистување на патиштата. Во Виена се откажни летови, а проблеми имаше и во околината на градот и на истокот од земјата.
Снегот предизвика хаос и метеж во централна и западна Унгарија. На места имаше прекини на струјата. Снежни бури блокираа мноштво луѓе во планински одморалишта во Романија по Велигденските празници.
Метеоролозите предупредуваат дека наскоро не се очекува подобрување на времето, а кон крајот на неделава температурите во некои делови може да паднат под нулата.
За време на викендот времето ќе биде без промени.Слично е и на Балканот. Снег има во делови на БиХ и Хрватска.