(ФОТО) Снежно невреме блокираше делови од Србија
Објавено во: Балкан 22 Јануари, 2018
Снежно невреме ја зафати западна Србија.
Обилни врнежи од снег во последните 24 часа наврнаа во делови од Србија, па повеќе села се отсечени од светот, а некаде нема ни струја.
Снегот предизвика проблеми на подрачјето на општина Ивањица, Чачак и Сјеница.
Без струја се планинсите села, затоа што влажниот снег од тежината ги искинал жиците за довод на струја.
Патиштата се чистат, но некаде поради непристапниот терен не може да бидат исчистени селските патишта.
Висината на снежната покривка е 5 до 7 см, во ридските предели до 15 см, а до 20 см на планинските места.
Ноќеска ветрот дувал со брзина од 50 км/ч.