ФОТО: Сомнителен пакет во Лондон, евакуирана метро станица
Објавено во: Свет 20 Октомври, 2016
Британската полиција ја евакуираше метро станицата Северни Гринвич во Лондон и изврши контролирана експлозија да уништи сомнителен пакет.
Полицијата била повикана во 11 часот претпладнево поради сомнителен пакет во воз на метро станицата. Пакетот е забележан во близина на затворениот комплекс за забава познат како Арена О2. Станицата беше затворена и по контролираната експлозија за онеспособување на пакетот.
Не се знае дали пакетот има врска со терористички напад.
Истрагата е во тек.