29 Март, 2024
0.0348

(ФОТО) Стајковци повторно се поплави, улиците станаа езеро

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Скопско Стајковци повторно плива во вода.

Предупредувањата на метеоролозите не допреа до надлежните а местото кое беше најпогодено во августовските поплави, денеска повторно е поплавено.

На социјалните мрежи веќе почнаа да се споделуваат и фотографии од тоа каква е состојбата на терен.

Граѓански активисти алармираат до власта да престане да се задолжува и да почне да ги решава реалните проблеми на граѓаните.

Павле Богоевски на социјалните мрежи реагира дека и покрај задолжувањата на власта, поплавените семејства не добија соодветно обештетување, а ја обвини владеачката партија дека си свирка и си чека избори.

„ДПМНЕ ја задолжи нашата држава со дополнителни 36 милиони евра за штетите од поплавите. Со тие пари: Се исплаќа минимални средства за обесштетување, кои не ги покриваат ниту основните трошоци. Исплатени се помалку од четвртина од оштетените. Не се санира каналската мрежа. Се вршат исплати по партиска линија. Парите се користат за финансирање на фирмите блиски до партијата, преку договори во четири очи.

Освен очигледниот проблем на злоупотреба на нашите пари и финансирање на нивните соучесници пред избори, ние имаме многу поголем, поургентен проблем: оваа партија и нивните фирми НЕ СЕ СПОСОБНИ да го заштитат населението. Го игнорираат ризикот за повторување на штетите поради уништената инфраструктура и заситената почва. Едноставно си крадат, си свиркаат и чекаат избори“, напиша Богоевски.

Од групата на Фејсук каде што граѓански здруженија, граѓани и активисти организираа помош во август , може да се најдат информации дека состојбата на терен не е многу добра.

Граѓаните пишуваат дека се движат во чизми и дека вода имало на некои места и до колена, а дека дождот не престанува да врне и да им сее страв дека 6-ти август може да се повтори.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница