(ФОТО) Страшни сцени од Истра - ветер до 130 км/час
Објавено во: Балкан 20 Август, 2017
Силнo невреме зафати делови од Хрватска, а најтешка беше ситуацијата на Истра.
Таму ударите на ветрот достигаа и до 130 км/час, јави хрватскиот сајт Индекс.хр.
Бурата на Истра корнеше дрвја, откорна клупи и расфрла контејнери за смет.
Првите претпоставки се дека штетите од невремето ќе бидат големи.
Силен ветер имаше во повеќе градови.