29 Март, 2024
0.0234

(ФОТО) Таинствен остров кој годишно смеат да го посетат само 1000 туристи

Објавено во: Стил 24 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Островот Монтекристо во Медитеранското море не е лесно да се посети.

Од 2008 година, кога е отворен за јавноста, на негово тло може да стапнат само 1000 туристи годишно.

Туристичката тура трае 6 часа, а љубопитните посетители за тоа време може да ја посетат Кралската вила од 19 век, ботаничката градина, Природиот музеј и да прошетаат по трите патеки на островот.

Во овој природен резерват може да видите и поедини ретки или загрозени видови билен и животински свет, и да уживате во мир и тишина.

Активности како пливање, ловење риби, кампување или ноќевање се забранети.

Островот во 19 век славен го направил големиот француски писател Александар Дима, кој во својот роман „Грофот Монте Кристо“ ја споменува легендата за закопаното богатство и наведува дека таму лично го сокрил Црвенобрадиот.


Иако легендата и понатаму живее, луѓето денес доаѓаат да го посетат Монтекристо од други причини: да уживаат во незаборавен поглед на море и единствен жив свет на островот.

Цената на посета на овој национален парк во Тосканскиот архипелаг изнесува 50 евра по лице, а листата на чекање е прилично долга.Д околку на пример, се пријавите сега, најверојатно за дозвола ќе мора да чекате до летото 2019 година.