25 Април, 2024
0.0435

(ФОТО) ТЕШКИ ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ :Како изгледаат новите 200 и 2 000 денари?

Објавено во: Финансии 15 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Народната банка официјално од денеска во оптек ги пишти новите банкноти од 200 и 2 000 денари.

Според тоа што го тврдат од институцијата која се грижи за целокупната економска состојба во земјава, овие нови пари ќе бидат тешки за фалсификаторите.

Велат дека банкнотите имаат речиси безброј ситни детали по кои особено тој што е упатен да работи со пари, веднаш ќе ги препознае дали се оригинал или, пак, се фалсификувани. 

Први ќе ги видат банкарите, затоа од денеска очекувајте да ги добиете на шалтер во банка, како и на каса во поголемите маркети.

Детали:

На предната страна на двестеденарката носечки мотив е репрезентативната христијанска теракотна икона, односно релјефот со претстави на старозаветните воини Јошуа и Калеб, која е датирана во 6-7 век и припаѓа на познатaта група винички теракотни икони како едни од најзначајните археолошки откритија од Македонија.

На задната страна има архитектонско-ликовен елемент од челната фасада на Шарена џамија во Тетово, еден од најатрактивните споменици на архитектурата и сликарството од османлискиот период во Македонија, за кој се смета дека бил изграден во XV век.

Кај двеилјадарката, пак, носечки мотив на предната страна е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско Поле. На истата страна во централното лево поле е претставен приврзок во форма на афионова чашка кој е откриен во Сува Река, Гевгелија, и претставува артефакт датиран во VII век пр.н.е. што ѝ припаѓа на познатата група пајонско-македонски бронзи.

На задната страна, пак, има декорација на позлатен сад, кој потекнува од XVI век и во чие централно поле се прикажани два пауна.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка