18 Април, 2024
0.0249

ФОТО: ТОП 10 места во Грција за љубителите на животни

Објавено во: Стил 19 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Грција е меѓу првите дестинации за одмор во Европа, но и дом на многу различни животински видови. Во земјата има голем број на паркови, кои се населени од секакви животни. Некои од нив се загрозени видови и се поретко можат да се среќаваат. Ова се најпопуларните места во земјата каде љубителите на животни можат да уживаат во убава глетка и многу животни.

10. White Mountains National Park


Се наоѓа во јужниот дел на островот Крит. Паркот е дом на над 450 видови на растенија и животни. Клисурата Самарија е еден од најзначајните делови на паркот и местото каде што може да се сретне дивата коза Кри-Кри. Иако таа е откриена во другите делови на Грција, поголемиот дел од видот ја населуваат територијата на паркот.

9. Messolonghi Lagoon


Лагуната Месолонги е дом на птици во текот на целата година. Се наоѓа во Западна Грција и на тоа место може да се судрите со фламинго, различни видови чапја и секакви други птици.

8. Lake Kerkini


Езерото Керкини се наоѓа во северниот дел на земјата и е важна зона за цела Европа. Околу него се среќаваат 300 видови птици, меѓу кои и загрозени видови - пеликанот и корморанот пигмеи.

7. Pindus National Park


Во Националниот парк Пинд се среќава кафеавата мечка. На планината живеат околу 350 животни од видот. Мечките се исклучително посебни, бидејќи тие се поретко се среќаваат на континентот.

6. Olympus National Park


Освен што врв на паркот е познат како дом на боговите, Националниот парк Олимпус е богат со култура, историја и еколошка разновидност. Тој е населен од многу елени, лисици, диви мачки и волци. Птиците се исто така многу на број, меѓу кои и загрозени видови, како златни орли и клукајдрвец.

5. Alónissos Marine Park


Во Грција има малку под 600 медитерански фоки и повеќето од нив живеат во Алониос. Паркот е дом и на различни видови на морски птици, диви кози и делфини.

4. Zákynthos Marine Park


Островот Закинтос е населен од фоки , но не тие се неговите најпознати жители. Желките Карета-Карета се среќаваат низ целиот остров и можат да бидат сретнати во различни големини.

3. Nestos Delta


Мочуриштата на делтата на реката Места, како и крајбрежните лагуни кои ги опкружуваат, се местата каде што може да се сретнат видри и свиња. Волците исто се меѓу жителите на ова место.

2. Prespes National Park


Паркот преминува во Македонија и Албанија, но во грчкиот дел можат да се сретнат над 200 видови водни птици.

1. Ismarida Lake

Езерото е дом на околу 190 видови птици, како и на многу влекачи и цицачи.


Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре