29 Март, 2024
0.0267

(ФОТО) ТОП 10 градови со најдобра инфраструктура-ефикасен и брз транспорт!

Објавено во: Стил 18 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Некои од најразвиените градови во светот се гушат од патен сообраќај и задоцнети возови, додека во други транспортната шема работи точна како часовник.

Развојот на добра инфраструктура е еден од водечките критериуми за квалитет на животот во ранг на Mercer. Неодамна ви ја претставиме Виена на прво место како град со најдобар квалитет на живот.

А кои се градовите со најдобра инфраструктура? При одговорот се земени предвид квалитетот на јавниот превоз, фреквенцијата на сообраќај, бројот на меѓународните летови од локални аеродроми, испораката на електрична енергија, пристапноста до водни ресурси, телефонски и поштенските услуги.

Ова се градовите кои се најдоа во Топ 10:

10. Цирих, Швајцарија

Одлично развиена транспортна мрежа, со многу возови и трамваи од аеродромот до центарот на градот. Иако многу од жителите на швајцарската престолнина избираат да одат пеш низ градот.

9. Ванкувер, Канада

Градот има широка мрежа на јавен превоз, вклучувајќи автобуси, редовни возови на метрото и фериботи низ пристаништето.

8. Хамбург, Германија

Како и во повеќето германски градови, јавниот транспорт во Хамбург е со висок квалитет. Билетот може да се користи за метрото, копнен транспорт и траекти.

7. Сиднеј, Австралија

Покрај широката мрежа од метроа, автобуси и траекти, има и брзи врски до аеродромот.

6. Лондон, Велика Британија

Светското лондонско метро го покрива целиот град, а неговите услуги се дополнуваат од прочуените двокатни црвени автобуси.

5. Хонгконг

Тука градскиот транспорт е еден од најдобрите во светот. Автобуските правци го покриваат речиси целиот град, има и голема фреквенција фериботи меѓу островите. Вовчиња патуваат до Кина, а многу ефикасно е и движењето под земја.

5.1. Дизелдорф, Германија

Дизелдорф е еден од трите германски градови во Топ 5. Системот од јавен транспорт во градот е широко развиен, брз, ефикасен и евтин.

4. Копенхаген, Данска

На јавниот транспорт, освен дека може да се потпирате целосно, е и ефтин. Еден билет дава пристап до водни автобуси, воз и метро.

3. Минхен, Германија

И тука еден билет купува пристап до различни видови на транспорт - подземен (U-bahn), земјен (S-bahn), трамваи и автобуси.

2. Франкфурт, Германија

Тука важи се што пишавме погоре за Минхен - пристап до различни видови на редовен и удобен транспорт.

1. Сингапур

Ефикасниот и брз транспорт во Сингапур е познат во светот. Мештаните го користат Mass rapid train (MRT) - масовен брз воз во метрото, кој има 106 станици и е второто најстаро метро систем во Југоисточна Азија.