20 Април, 2024
0.0251

(ФОТО) Транк беј-Скриената плажа која вреди да ја посетите барем еднаш во животот

Објавено во: Стил 12 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

САД се познати по преубавите плажи. Сепак, за една од нив ретко кој слушнал, а се вбројува меѓу најубавите.

Добродојдовте на Транк Беј, плажата на Девствените Острови, која е една од најдобро зачуваните плажи на САД.

Бисерот на националниот парк е препознатлив по совршено плава боја и мек бел песок. Идеална е за нуркање меѓу желки, корали и стотици егзотични видови риба.

Плажата се наоѓа на „Сент Џон“ познат по скриените плажи. Семејството Рокфелер и подарило повеќе од 2000 хектари острови на владата на САД во педесетите години создавајќи го она што денес се нарекува Национален парк на Девствени острови.

Транк беј е популарно одморалиште за американските туристи, па меѓу нив ретко се наоѓаат Европејци. Ако сепак патот ве нанесе на Карибите, немојте да пропуштите крстарење, за кое многумина велат дека е волшебно.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган