29 Март, 2024
0.0253

(ФОТО) Вибер ќе се промени во март: Стигнува опција после која купувањето веќе нема да биде исто

Објавено во: Стил 23 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Вибер една од водечките глобални апликации за размена на пораки, најави денес, дека во почетокот на март, ќе претстави нови функционалности од областа на електронската трговија која на корисниците ќе им овозможи да купуваат барани производи и брендови-непосредно пред комуникацијата со пријателите.

Во креирање на оваа револуционерна функција Вибер се потпира на експертските знаење на нејзиниот сопственик-компанијата Ракутен-шведски гигант во областа на електронска трговија.

Шопингот е една од омилените активности за корисниците на мобилни уреди. Последните истражувања укажуваат на тоа дека половина од споствениците на паметни телефони ги користат истите за набавки и односни активности, а дека 66% од нив тоа го прават најмалку еднаш неделно. Сепак, секој кој некогаш купувал со посредство на мобилен уред ќе ви каже дека тоа умее прилично и да ве исцрпи. За да купите било што на тој начин, ќе бидете приморани непрестајно да влегувате и излегувате  од разни апликации, да правите безброј снимки на стоки на екранот, кои потоа ги копирате и лепите. Шопинг на паметен телефон е спротивност на забава и дружење во кои уживате кога купувате во град.

По пат на оваа нова функција, Вибер настојува да приреди чувство на заедничко доживување на оние кои купуваат по пат на мобилни уреди. Низ претрага и размена на информации за сакан артикал-до директна комуникација со омилените брендови на корисници и конечно купување, Вибер ќе понуди начин сето тоа да се направи од едно исто место. Отсега корисниците ќе можат да започнат нивно патешествие низ шопинг на Вибер со притисок на почетното копче на екранот за размена на пораки.

Потоа ќе им биде претставен асортиман на водечки брендови што ќе им овозможи да пребаруваат нови стоки и делат визуелно богата содржина внатре, четување со пријателите-кои ќе можат моментално да даваат свои коментари на прикажаното. Исто така , кориснииците ќе можат да примаат и директни пораки од самиот бренд кој ќе го изберат, и-ако биде требало да се пренасочат на сајтот на фирмата или апликација заради конечно купување.

Новата функција за инстант шопинг ќе биде активна во својата бета верзија само во САД од 6 март-и ќе им овозможи на корисниците да купуваат од широкиот асортиман на робни марки и производи. Нејзиното постепено воведување во употреба ширум светот се очекува дури на следната година.