(ФОТО) Во Америка никна нов остров
Објавено во: Свет 27 Јуни, 2017
Во близина на брегот на Северна Каролина се појави нов остров.
Шели, како што го нарекоа локалците, е резултат на промената воплимата и осеката на Атлантскиот океан.
„Ова е динамична област благодарение на Голфската и Лабрадорска струја“, вели Марк Додл, заменик надзорник за Брегот Кејп Хатерас, кој го надгледува овој остров“.
Овој нов остров би можел и да расте и понатаму но би можел и целосно да исчезне. Никогаш не се знае.
Без разлика на тоа колку ќе трае, локалните мештани и туристи се воодушевени и во голем број доаѓаат да го посетат Шели.