25 Април, 2024
0.3223

ФОТО: Во домот на Кети Пери

Објавено во: Стил 20 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Американската пејачка Кејти Пери одличи да го продаде својот дом  Холивуд за кој бара сума поголема од 6 милиони долари. Куќата на Холивуд Хилс беше купена во 2011 година, кога Кејти беше мажена за комичарот Расел Бран. Тогаш двојката плати 6.5 милиони долари на поранешниот сопственик-бизнисменот Даниел Лакин, кој беше осуден на затвор за измама со хартии од вредност. Имотот во шпански стил има базен во внатрешниот двор и посебна куќа за гости. Во домот има седум спални соби и девет бањи. Првично Кејти Пери побара за куќата 8 милиони долари, но не се најде купувач. Сега таа е подготвена да го продаде и за 7 милиони долари, но неофицијално брокерите велат дека би се согласила и на нешто повеќе од 6 милиони долари. Трикатната куќа располага со спа, базен, тераса, фитнес сала, потоа гаража за четири автомобили и посебен дел за персоналот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган