28 Март, 2024
0.0236

ФОТО: Во Кина е пуштена во употреба најголемата зграда во светот!

Објавено во: Стил 02 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Се отвори најголемата зграда во светот која е лоцирана во Ченгду, главен град на провинцијата Сичуан во југозападна Кина.

 

Иако зборовите „најголема на светот“ обично асоцираат на фотографија од висококатница, оваа градба воопшто не е висока. Но, дефинитивно е голема!

 

Долга е 500 метри, широка е 400 метри и висока е 100 метри. Мегаструктурата од 1,7 милиони квадратни метри е речиси тројно поголема од Пентагон во Вашингтон.

 

Глобалниот центар се отвори на 28 јуни.

 

Во центарот се наоѓаат деловни уреди, хотели, театри, трговски центри, воден парк и имитација на медитеранско село, пренесува CNN.

До 2020 година се планира да се прошири подземната железница, како и да се изгради нов аеродром, што укажува дека наскоро овој град ќе претставува значаен еконмски и културен центар во западниот дел на Кина.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи