19 Април, 2024
0.2495

(ФОТО) ВРЕДИ ДА СЕ ПОСЕТАТ: Најубавите скриени плажи во светот

Објавено во: Стил 08 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Постои ли подобар начин да уживате во годишниот одмор од излежување на прекрасна бела песочна плажа на остров далеку од дома?

За сите нас кои сме повеќе за пасивно уживање во убавините на морето, отколку за активен годишен одмор, еве неколку дестинации со прекрасно море. Можеби токму тука ќе го пронајдете совршеното место за овогодинешниот одмор.

Линапакан, Филипини

Филипините одамна привлекуваат туристи со своите бројни плажи, острови и совршени места за нуркање. Линапакан го надмина сето тоа и стана едно од најбараните места за капење поради беспрекорно бистрото море.

Фрлиме ли поглед на фотографиите од островот, се чини дека луѓето и бродовите лебдат во воздухот. Секако избегнувајте го периодот од јуни до август, бидејќи тогаш е дождовната сезона.

Бора Бора, Француска Полинезија

Кога луѓето размисуваат на Бора Бора, замислуваат за убаво чисто море, необични колиби на метар од вода. И тоа е тоа. Бора Бора е остров за бегство.

Опкружен со лагуни и корални гребени, со море во десетици нијанси. Најдобро време за да го посетите овој рај е периодот од април до октомври.

Кала Макарелета, Менорка, Шпанија

Бистрото, тиркизно море и песочните плажи опкружени со бујно зеленило и непристапни карпи. Поради оваа положба, тука ретко кога има гужви.

Најдобро време за посета на овој остров е во лето, но температурата е пријатна и за време на летните месеци.

Панари, Окинава, Јапонија

Панари е дел од архипелагот Yaeyama, а познат е како еден од најубавите места во светот за нуркање. Во ранг е со Големиот корален гребен, со повеќе од 400 видови на корали, 5 видови на морски желки, китови и многу тропски риби.


Во комбинација со кристално чистото море, Панари е неверојатно место да се помине летото. Островот е изолиран, па патувањето секако треба добро да го испланирате и однапред да резервирате.

Сабах, Малезија

Северниот дел на Борнео има плажи препознатливи по белиот песок и чистото море. Многу се плитки што значи дека туристите можат долго да шетаат без напор во водата до зглобовите или колената.


Мабул е многу популарно место за нуркање. Најдобро време за посета на овој магичен остров е помеѓу март и септември.

Бодрум, Турција

Дом на едно од седумте чуда на античкиот свет и област со богата историја.


Исто така ова одморалиште е популарна дестинација за богатите Европјани бидејќи водата е многу бистра, па изгледа дека бродовите како да лебдат.

Тошуа, Самоа

Ова е најпосебна дестинација од оваа листа. До морето можете да дојдете само по скали, опкружени со прекрасни градини. Местото дефинитивно обезбедува опуштање и уживање во оваа прекрасна природа.

Посетете го овој неверојатен дел од светот од мај до ноември, кога времето е суво и кога се одржуваат мноштво на фестивали.

Бонито, Бразил

Уште едно неверојатно место за капење или нуркање. Огромната количина на варовник во неговата околина прави природен систем на филтрација.


Ова е еднa од најубавите слатководни плажи во светот. Иако Бонито може да се посети за време на целата година, летните месеци се врв!

Малдиви

Пливањето во прекрасните води на овие мирни острови е искуство кое не сакате да го пропуштите. Нечепнатите плажи во комбинација со егзотичните морски животни таму изгледаат како скринсејвер.


Водата е кристално чиста во текот на целата година што е идеално за нуркање. Водете сметка за тоа да ја избегнувате дождливата сезона, па планирајте посета помеѓу декември и април.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре