25 Април, 2024
0.0267

ЛУКСУЗНО ПАТУВАЊЕ

(ФОТО-ВТОР ДЕЛ) ЖЕШКИ ТОЧКИ: Каде обожуваат да одмораат богатите светски банкари?

Објавено во: Стил 17 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Без разлика дали сакате одмор како би рекле „like a boss“ (како шеф) или како вашиот актуелен шеф, Блумберг направи листа од најдобрите осум жешки точки.

Сакате да направите мало вмрежување на вашиот иден одмор? Изберете ја вашата дестинација стратешки. 

Токму за оваа тема Блумбер консултираше осум влијателни финансиери да ги откријат нивните омилени места и да понудат нивни совети за тоа како се рекреираат тие на нивните патувања. Не можеме да ви ветиме дека повторно ќе се вратите на истото место другата сезона, но можеме да ви ветиме дека ќе имате одлично патување ... и многу нешта за кои ќе може да разговарате на следната коктел забава.

Ви го претставуваме вториот дел од четири дестинации, од вкупно осум:

5. Голф патување во Шкотска

Мајк Џексон, извршен потпретседател на пазарите на капитал во „Supernova Companies“

Мајк Џексон од Чикаго, земал две недели одмор за голф патување во Шкотска со тројца добри пријатели минатото лето.

„Сите голфери мора да го направат тоа таму барем еднаш во животот“, вели Џексон.

Тие го планирале своето патување за во Јули кое се поклопило со Отвореното првенство во Ројал Трон, а еден пријател им набавил место во Голф ченел канал, каде што го гледале финалето во вип стил.

Покрај ексклузивниот пристап на Отвореното првенство, Џексон и пријателите имале можност да одиграат пет курсеви: St. Andrews, Royal Aberdeen, Trump Turnberry, Trump Aberdeen, и Cruden Bay.  Најголем впечаток им оставил Cruden . „Добивме се за што дојдовме“.

Џексон советува да го поделите вашиот престој на три места: Turnberry ResortMacleod House, и Fairmont St. Andrews

6. На француската ривиера, но не со јахта

Peter Nolan, шеф на продажба и малопродажба на „Antares Capital“

„Крајбрежјето и селата на Француската ривиера се убави“, вели Питер Нолан, кој таму сака да изнајми вила со пријателите и семејството на неколку дена за опуштање и релаксација. 

„Терористичкиот напад во Ница во Јули лани не треба да ги одвраќа луѓето од посета на овие места“, вели тој.

Нема поубаво од летна прошетка по шеталиштето „Promenade des Anglais“, главната сообраќајница од страната на плажата во Ница, вели Нилан. За да го почуствува тоа, семејството земало дневно-патување до Aix-en-Provence, Eze, и Grasse.Потоа, за покосмополитско чуство, семејството имало дневна турнеја до Кан и Монте Карло, Монако.

Што да направите? Клучот, вели Нолан, е да бидете сигурни дека куќата што ја изнајмувате вклучува услуги на еден посветен готвач. La Mediterranée и St. Paul de Vence, два дома на листата на Villas of Distinction, ќе ве направат одлични кандидати за патување ова лето.

7. Подајте рака во Јужна Африка

Andrew Klaber, аналитичар во „Paulson & Co.“

Ендрју Клабер вели дека сака да оди во крајбрежната провинција Квазулу Натал, во Јужна Африка, за да ја истражува убавината и да посети едукативни програми финансирани од страна на непрофитната  Even Ground. Тој бил неколку дена во Дурбан.

„Шеталиштето долж Индискиот океан е убаво“, вели Клабер за потценетиот јужноафрикански град.

На неодамнешното патување на Клабер , му се придружил и Џеки Картер, потпретседател на Голдман Сакс, и уште неколку други за да ги видат училишните часови во пракса, во друго училиште учениците пееле и танцувале во чест на нивната посета. Тогаш тие биле на тунерја во манастир со сестра Присила Дламини, која Клабер ја опишува како „силата на природата во стари-училишни високи потпетици“.

Што да направите: Патувачите заинтересирани за учество со Even Ground може да добијат многу можности. Тој советува да престојувате во шестсобниот  Honeywood во Порт Шепстон. Тоа е идеална  база за голем голф и богати природни резервати, како што се Oribi Gorge and Lake Eland. Во Дурбан , престојувајте во Concierge, уште еден мал хотел со голем стил .

8. Спуштање по падините на Вистлер

Вилијам Етелсон, портфолио менаџер на „Wolfe Global Capital“

Ова канадско планинско гратче северно од Ванкувер има меѓународна атмосфера која допрела до Вилијам Етелсон и неговото семејство. Неговата сопруга Аделина Вонг Етелсон, шеф на маркетинг во Мandarin Oriental Hotel Group, го раскажала за Блумберг нивното патување таму во декември.

„Божик во Вистлер е магичен“, вели таа. Но, семејството сака да одиме повторно летово каде што ќе можеме да се забавуваме пешачејки, возејќи велосипеди, кајакарејќи. „Летото е дури и подобро од зимата“.

Оваа зима, Етелсон уживале исто така на лизгалиштето во Олимпискиот парк. Пред да отидат на скијање уживале во Mallard Lounge и Dublin Gate.

Што да направите: Семејството Етелсон биле возбудени за Whistler Sports Academy . Тие го контактирале Џејми Грант или Оливер Никсон за летен спортски камп и приватни часови по скијање .

Тие препорачуваат да одите на ручек во Тrattoria di Umberto во Вистлер . Најдобрата пица може да ја пробате во Creekbread, а за одмор ја препорачуваат Whistler Platinum.

Првиот дел дестинации каде патуваат и препорачуваат да патувате светските банкари прочитајте го овде.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган