(ФОТО) Заев посака здравје и подобра иднина од Струга, таму крстот го фати иселеник во Холандија
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2018
Премиерот Зоран Заев традицијата на осветување на светите води ја следеше во Струга.
Оттаму тој порача дека овој ден празникот Богојавление Водици не потсетува и на тоа дека сѐ може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди.
Денеска бев во Струга, на денот кога водите на Охридското Езеро и на реката Црн Дрим се преобразуваат во свети води за да не потсетат на денот кога Исус Христос се крштеваше во светите води на реката Јордан.
„Да си посакаме подобра иднина, здравје и посилна добра волја да се соочуваме со сите предизвици што ни претстојат на личен и на заеднички план. Честитки за среќниот граѓанин кој успеа да го фати крстот, му посакувам да го следи среќа и добрина низ целата година.
Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици“, рече Заев.
Од водите на Црн Дрим во Струга осветениот крст го извади Томче Голабоски, иселеник кој живее во Холандија.