24 Април, 2024
0.0257

ФОТО: Запознајте ги најмладите милијардери во светот

Објавено во: Финансии 27 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Да, сигурно е одлично да си милијардер. Уште повеќе, кога си меѓу 20 и 30 години.

Такви се сите луѓе во оваа листа. Бидејќи тие се најмладите милијардери во светот.

Интересено е дека половина од нив сами го заработиле своето богатство, а не го наследиле од родители или блиски.

Во март 2017 година најмладиот милијардер во светот е 20-годишната Александра Андрес, а веднаш по неа е нејзината поголема сестра - 21-годишната Катарина. Двете поседуваат 1,2 милијарди долари, откако во 2007 година нивниот татко - Јохан Андрес, им го пренесе својот удел од Ferd Holdings, најголемата компанија во Норвешка.

Презимето Андрес акумулира богатство од тутун, како пра-пра-пра дедото на двете девојки ја базира најголемата компанија за цигари во земјата . Семејството ја продава во 2005 година за 500 милиони долари и парите се инвестираат во хеџ фондови и недвижности.

Најбогат во ова листа е еден од креаторите на апликацијата Snapchat - Иван Шпигел. ИПО на компанијата, која веќе го носи името Snap, му донесе богатство на вредност 5,3 милијарди долари. Не е лошо за 26-годишник.

Другиот коосновач на Snapchat - Боби Марфи, има 28 години, и исто така е во листата.

Snap Inc. стана јавна на 1 март 2017 година и доби 3,4 милијарди долари. Тоа и даде на компанијата пазарна оценка меѓу 19,5 и 22,2 милијарди долари.

Браќата Џон и Патрик Колисон пак ја создаваат апликацијата за мобилни плаќања Stripe. По последниот круг од финансирање од 150 милион долари во декември 2016 година, проценката на нивната компанија е 9,2 милијарди долари. И тоа ги направи милијардери.

Така на 26 години помалиот - Џон Колисон, е најмладиот „self madе“ милијардер во светот (кој сам го создал бизнисот). Тој ја зеде оваа "титула" од Иван Шпигел од Snapchat, кој е само два месеци поголем.

Постариот брат Патрик Колисон пак е на годините на Боби Марфи - 28.

Овие четири момчиња се единствените во светот четворица селф-мејд милијардери под 30-годишна возраст.

Еве и кои се Топ 9 најмлади милијардери во светот, подредени по возраст:

  9. Ванг Хан, 29 години - 1,3 милијарди долари

Кинезот ја наследил оставнината од неговиот татко - авиокомпанија Juneyao Air.

8. Боби Марфи, 28 години - 4,8 милијарди долари

Тој е ко-основач на компанијата Snap Inc.

7. Patrick Collison, 28 години- 1,2 милијарди долари

Ирецот е поголемиот од двајцата браќа, кои го создале Stripe.

6. Лудвиг Теодор Браун, 27 години- 1,2 милијарди долари

Наследник е на германската компанија B. Braun Melsungen AG. Поседува 10% од акциите.

5. Ивон Шпигел, 26 години - 5,3 милијарди долари

Ко-основачот на Snap Inc. и до неодамна најмладиот „self made“ милијардер.

4. Џон Колисон, 26 години - 1,2 милијарди долари

Тој е помалиот брат од основачите на Stripe и најмладиот „self made“ милијардер во светот.

3. Густав Магнар Витсон, 23 години - 1,1 милијарди долари

Тој исто така е од Норвешка и поседува 47% од компанијата за развивање и одгледување на риба Ѕаlmаr АЅА, основана од неговиот татко, и еден од најголемите производители на лосос во светот.

2. Катарина Андрес, 21 години - 1,2 милијарди долари

Катарина е најголемата сестра Андрес, наследник на семејната инвестициска компанија Fеrd.

1. Александра Андрес, 19 години - 1,2 милијарди долари

Норвешката наследничка е најмладиот милијардер во светот.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА