(ФОТО) ЗЕМЈОТРЕС ВО КИНА: Загинаа луѓе, а цели села исчезнаа
Објавено во: Свет 11 Мај, 2017
Земјотрес ја погоди Кина и однесе човечки животи.
Повеќе од 8 лица загинаа, а 23 се повредени при земјотрес од 5,5 степени по Рихтер. Предизвикана е и материјална штета на неколку објекти.
Потресот се случил на длабочина од 8 километри во Синцуан-Ујгурскиот автономен регион во северозападниот дел на земјата.
Тимови од стотици спасувачи се собираат во погодениот регион.Многу згради се испукани и луѓето се плашат да се вратат во нив.
Урнати се 1500 куќи, а има и села кои се целосно уништени.
Над 9000 луѓе се евакуирани од своите домови.
Во февруари 2003 година во земјата имаше силен земјотрес од 6.8 степени, при што загинаа 268 луѓе и имаше големи штети.