(ФОТО) Згради, замоци, дворци од мраз собраа луѓе од целиот свет
Објавено во: Стил 05 Јануари, 2017
Во Кина се одржува фестивал на мраз.
Фестивалот секоја година побудува огромен интерес. Коцките скулптури се омилено место каде се фотографираат посетителите.
Меѓународниот фестивал на мразот и снегот во Харбин, Кина, повторно собра илјадници фанови. Секоја година доаѓаат десетици илјади луѓе од целиот свет. Од снег и мраз се направени цели згради, дворци и храмови, игралишта, па дури и тобогани и лавиринти по кои посетителите можат да се спуштаат или да се обидуваат да го пронајдат излезот.
Атракција се и натпреварите во пливање во ледените води на реката Сонгхуа за време на фестивалот. Привилегијата први да го разгледуваат замрзнатиот град ја добиваат жителите на Харбин.
Просечната зимска температура е речиси -30 степени Целзиусови.
Фестивалот на мраз во Харбин е еден од четирите најголеми светски фестивали на снегот и мразот, покрај јапонскиот Снежен фестивал во Сапоро, канадскиот зимски карневал „Квебек Сити“ и „Ски фестивалот“ во Норвешка.
Ова е 33-тото издание на фестивалот.