20 Април, 2024
0.0272

(ФОТО) Ѕирнете во куќата облакодер: Ја поседува најбогатиот бизнисмен во Индија

Објавено во: Стил 23 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Мукеш Амбани е најбогатиот човек во Индија и еден од најбогатите во светот. Тој е претседател на одборот на директори и најголем акционер во конгломератот „Reliance Industries Limited“, поседува бизниси во сферите на енергетиката, текстилот, телекомуникациите. Според Форбс, неговото богатство се проценува на 40,2 милијарди долари.

Само во текот на изминатата недела богатството на Амбани се зголеми со уште 1,5 милијарди долари, откако акциите на неговата компанија поскапеа со 4%. Причината се очекувањата за нов профитабилен план за претплата кој телекомот ќе го објави, како и експлоатација на нови гасни наоѓалишта, пишува Money.com.

Меѓу многуте нешта по кои Амбани е познат, се истакнува дека е носител на најскапиот приватен дом во целиот свет. Зградата има име - Антилиа, и претставува 60-катен облакодер, чија изградба чинеше помеѓу 1 и 2 милијарди долари. Околу 600 луѓе се грижат за овој облакодер.

Имаше неколку скандали околу Антилиа. Желбата на Амбани да направи три игралишта за хеликоптери беше отфрлена од регионалните власти, а многу Индијци ја одредуваат зградата како навредлива демонстрација на богатство покрај мизеријата во која живеат милиони луѓе во земјата. Облакодерот е во спротивност со стандардната архитектура на Индија, а најпарадоксално е тоа што семејството Амбанс дури и не поминува многу време таму.

Мукеш ја наследува Reliance од својот татко заедно со својот брат. Компанијата има годишен приход од повеќе од 50 милијарди долари. Самиот Амбани е рангиран на 20 место во листата на најбогатите луѓе во светот.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган