Добивај вести на Viber
Бродот “Карнивал Триумф“ останал без гориво, среде Мексиканскиот залив по пожар во погонскиот дел на бродот.
Сотојбата на луксузниот брод според светските медиуми е драматична поради недостигот на струја, а веќе некое време не работеле тушевите, тоалетите и клима уредите. Патниците чекале повеќе од четири часа за да дојдат до храна, асе случиле и првите тепачки за истата.
-Водата тече од затнатите санитарни одводи, теписите во кабините се натопени со урина, а фекалии течат по ѕидови, патниците спијат на палубата, раскажуваат за медиумите сведоци од бродот.
Бродот кој припаѓа на истата компанија “Карнивал Леџенд“ дошол на помош на засуканиот крузер, но таа помош се сведува само на достава на храна и резерви со помош на чамци за спасување.
Шефот на “Карнивал круз лајнс“ Џери Кејхил ветил дека парите ќе им бидат вратени на сите патници на “Триумф“, вклучувајќи ги сите купувања кои ги направиле на бродот, освен сувенирите и казината.