29 Март, 2024
0.0337

ФОТО:Трособен стан кој чини 50 милиони долари!

Објавено во: Стил 18 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Апартманите со две спални, барем во САД, се сметаат за скромни. Но не и овој. Тој чини 50 милиони долари - за две спални, дневна соба, кујна и бања.  Високата цена доаѓа поради тоа што се наоѓа точно до Централ Парк во Менхетен. Со површина од 418 квадратни метри, овој стан е поголем од вообичаените апартмани со две спални, но е значително помал од познатите куќи кои достигнуваа вакви суми. Се наоѓа во зградата на хотелот Централ Парк Риц, каде што има малку станбени домови. Има прекрасен поглед кон паркот. Во истата зграда се продава и стан со 9 спални за 95 милиони долари.[gallery link="file" order="DESC" columns="2" orderby="rand"]