(ФОТО+ВИДЕО) БАЛКАНСКИ ПЕШТЕРСКИ ЧОВЕК: Живее во карпа и нема намера да го смени својот живот
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2017
Во близина на Зеница, Жарко Хргиќ(60) седмата зима ја дочека во пештера кај Бабина река, која претходно била складиште на каменолом.
Порано овој човек имал нормален живот со семејството, а сега ги има само кучињата кои му прават друштво и за кои се грижи.
Порано работел во железара, а потоа бил и во Германија од каде го враќале назад заради нелегален престој.
Од сопругата се развел пред 30 години, а има и син со кој не е во контакт.
Својот стан во Зеница го изгубил по војната и затоа живее вака.
Раскажува дека на овој начин сакал да се оддалечи од луѓето.
„Ова место го најдов пред 30-тина години. Кога живеев во град кај ова место поминував и одев на капење. Во зима е подобро да се биде во пештера, отколку во есен или пролет. Едиствен проблем ми задава водата во пештерата. Внатре е топло. Каменот е специфичен затоа што во зима е топол, а во лето ладен“ - раскажува Хргиќ.
Луѓето во околината и од дијаспората му помагаат. Хргиќ вели дека сака да живее сам, затоа што со луѓето често има несогласувања и проблеми.