(ФОТО+ВИДЕО) БРИТАНЦИТЕ ЗАЧУДЕНИ: Небото поцрвене - која е причината?
Објавено во: Свет 17 Октомври, 2017
Сонцето над делови од Британија доби црвена, а небото невообичаена портокалова боја.
Истото се случи и во Лондон. Ова е резултат на наноси на воздух и прав од Јужна Европа, предизвикани од ураганот Офелија, кој во меѓувреме деградираше во силна бура.
Како што објаснува водителот на временската прогноза на Би-би-си, Симон Кинг, бурата донела тропски воздух и прав од Сахара.
Тој смета дека за овој феномен одговорни се и шумските пожари во Португалија и во Шпанија.
„Офелија настанала на Азорските Острови, каде што имала сила на ураган, и додека го следела патот кон север, го повлекла и тропскиот воздух од Сахара“- вели Кинг.Ваква појава ги зачуди Британците.