ФОТО+ВИДЕО: Експлозија одекна во грчки ресторан и уби жена
Објавено во: Балкан, Галерија 01 Декември, 2016
Силна експлозија утрово во 9.25 часот ја потресе грчката престолнина, Атина.
Шест лица се повредени, а едно лице е исчезнато во експлозијата во ресторан за брза храна на плоштадот Викторија. Од експлозијата ресторанот се запалил. Тело на 42-годишна работичка е откриено во подрумот.
Осум противпожарни возила и 20 пожарникари учествувале во локализирање на пожарот.
Експлозијата најверојатно е предизвикана од истекување на гас за домаќинство.
Уништени се домови, дуќани и автомобили кои биле во близина.