(ФОТО+ВИДЕО) ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ: Задар под вода
Објавено во: Балкан 11 Септември, 2017
Големо невреме го зафати хрватскиот град Задар кој е потопен.
Шахтите не можат да ја примат сета вода, и улиците се како реки.
Посебно е драматично во трговскиот центар Супернова.
Водата влезе во подземната гаража, ги „зароби“ автомобили и се искачи дури и до подвижните скали.
За два часа во градот наврнаа 156 литри дожд на метар квадратен.
Ваков дожд во градот имало во 1986 година.