29 Март, 2024
0.0254

(ФОТО+ВИДЕО) ГРАД НА ДИЈАМАНТИ: Пустината го „голтна“

Објавено во: Стил 30 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Градот Колманскоп во Намибија е „град на духови“ од 1954. година, кога беше напуштен од последните жители, претежно рудари кои работеа во рудникот за дијаманти.

Колманскоп се наоѓа на околу 12 километри од брегот на Атлантскиот Океан.

Во последните шест децении градот го покрива песок од пустината Намиб, која во Африка зафаќа површина од 50.000 квадратни километри. Дијамантските полиња биле толку обилни, што одредени луѓе сведочат дека скапоцените камења можеле да се вадат директно од песокот.

Во дваесеттите години од минатиот век, градот имал околу 1.200 жители, воглавно припадници на племето Овамбо, но и германски колонисти.

Градот е изграден во европски стил, а располагал со електрана, болница и спортски центри, казино и куглана.


По Првата светска војна, залихите на дијаманти започнале да се намалуваат, а жителите се иселувале заради пронаоѓање на нова работа. 

Градот денес е голема туристичка атракција. Со оглед на тоа дека се наоѓа на заштитеното подрачје Шпергебит, туристите мора да имаат посебна дозвола за влез во градот.