(ФОТО+ВИДЕО) ХИТ: Српски сајт му дава предлози на Дачиќ кои песни да им ги пее на Трамп и Меркел
Објавено во: Балкан 11 Октомври, 2017
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ синоќа му ја пееше „Осман Ага“ на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган кој е во посета на Србија.
Станува збор за песна која на овие простори ја популаризираше пејачот Мухарем Сербезовски.
Српскиот сајт Еспресо му советува на Дачиќ кои песни да им ги пее на американскиот претседател, Доналд Трамп и на германската канцеларка, Ангела Меркел.
Според сајтот, за Трамп треба да отпее песна од Елвис Присли затоа што тој во САД уште е популарен. Нивна препорака е да ја пее "It's now or never".
За Меркел советуваат да ја пее Данке Дојчланд. За претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието препораката е „Деспасито“. Инаку, Дачиќ досега освен српски, пееше и грчки песни, но и италијанската „О соле мио“ пред дипломати.