(ФОТО+ВИДЕО) ХРВАТ СИ ГО ОСТВАРИ ЖИВОТНИОТ СОН: Пеш стигна на Јужниот пол
Објавено во: Балкан 20 Јануари, 2018
Хрватот Давор Ростухар помина пеш 1.200 км за да стигне на Јужниот пол.
Одел 47 дена со санки на кои носел храна. Издржал да пешачи по снег на температури од -40 степени.
„Одеднаш се појави црна точка. Научна станица на самиот пол. Прво се развеселил. Сега имам крајна цел, а тоа е крајот на светот“- вели тој.
Ростухар е хрватски писател и фотограф кој го развиори хрватското знаме на Јужен пол.
Претходно Стипе Божиќ од Хрватска стигнал во Северниот пол, а се искачил и на Монт Еверест.