(ФОТО+ВИДЕО) ХРВАТСКА ГОРИ: Огнот се шири и може да зафати куќи
Објавено во: Балкан 17 Јули, 2017
На повеќе локации во Хрватска беснеат пожари, а поради силниот ветер огнот се шири и може да ги зафати куќите во Бродарица и во близина на Шибеник.
Пожар избувна и во Далматинска Загора, а тешко е и во близина на Пула и на островите Вир и Паг. Хрватските вооружени сили потврдија дека се вклучени во гаснењето на пожарите на површина од Истра во Далмација. Огнот го гасат 32 возила со 109 пожарникари.
Пожарите се активни и на црногорскиот брег. На Луштица и од Грабовица да Бигово пожарот што беше засилен од ветровите и им се закануваше на населбите сега е под контрола, така што е одложена евакуацијата на жителите.
Ситуацијата е оценета како алармантна.