(ФОТО+ВИДЕО) Мигранти во Белград палат што ќе стигнат за да се згрејат
Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2017
Централната станица во српската престолнина е буквално преземенa од смрзнати и прегладнети мигранти.
Мигрантите, претежно од Авганистан и Пакистан, се обидуваат да се згрејат. Палат огнови се она што ќе го најдат.Тие се блокирани во соседна Србија, бидејќи Балканскиот пат кон Западна Европа е затворен.
Стотици мигранти чекаат за храна при ниски температури во стар магацин на железничката станица. Волонтери делеа по едно јадење на ден на раселените луѓе кои се сместиле во областа.
„Немаме што да облечеме, немаме ќебиња, немаме подобро место за спиење, немаме бања, немаме ништо"- вели мигрант од Авганистан.
Во моментов на територијата на Србија има околу 8.000 мигранти, кои не можат да го продолжат патот кон Европа. Само во Белград нивниот број е околу 2.000.