(ФОТО+ВИДЕО) НАПАД ВО СЕКИРА ВО ШВАЈЦАРИЈА: Mомче повреди луѓе на бензинска
Објавено во: Свет 23 Октомври, 2017
17-годишнo момче со секира синоќа нападна повеќе лица на бензиска станица во местото Флимс во кантонот Сент Гален во североисточна Швајцарија, информираше швајцарската полиција.
Во полициското соопштение стои дека напаѓачот е уапсен, без да се наведе колку лица биле нападнати и каква е нивната здравствена состојба. При апсењето тинејџерот е повреден.
Напаѓачот е од летонска националност. Тој нападот го извел сам и нема индиции дека бил поврзан со некои екстремистички групи.
Мотивите за нападот засега не се познати.