(ФОТО+ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО ГРЦИЈА: Tорнадо, снег и дождови
Објавено во: Балкан 24 Октомври, 2017
Невреме ја зафати Грција.
Поројни дождови и силни ветрови предизвикаа проблеми низ цела Грција, јавија локалните медиуми.
Во зимските центри во северниот дел на Грција врнел снег.
Во градот Патра, на полуостровот Пелопонез, е поплавена болница, а нанесени се штети на многу згради.
На островот Кефалонија имало и торнадо, додека во Парга паѓал град. Во Солун исто така биле предизвикани повеќе проблеми.
Според метеоролозите, лошото време во Грција се очекува да продолжи до четврток.