25 Април, 2024
0.0757

(ФОТО+ВИДЕО) Ова е најскапата американска куќа

Објавено во: Стил 20 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Најскапата американска куќа на сите времиња се продава за 250 милиони долари и е во Бел Ајру, Лос Анџелес. 

Оваа куќа се протега  на 3.5 илјади квадрати површина. 

Тајкунот Брус Маковски е сопственик на оваа куќа, а се збогатил со продажба на луксузни имоти и дизајнирање. 

Во куќата има луксузен мебел, 12 спални соби, 21 бања, 3 кујни, куглана, кино, базен, соба за слатки. Само слатките вредат околу 200.000 долари. 

Куќата поседува 130 вредни уметнички дела и колекција на автомобили кои чинат 30 милиони долари. 

Во вилата работат седум луѓе, а новиот купувач ќе ги „добие“ и нив. 

Маковски нив ќе им покрие плата и придонеси за идните две години. 

Куќата 4 години ја граделе 300 луѓе, а Маковски го бирал секој детал. 

Засега за куќата интерес пројавиле десетина купувачи и ако ја купат по предвидената цена, таа ќе биде најскапа куќа на сите времиња. 



Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти