19 Април, 2024
0.0252

ФОТО+ВИДЕО: Погледнете каков хотел отвори Трамп

Објавено во: Стил 28 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Нa  две недели пред американските претседателски избори, кандидатот Доналд Трамп приреди свечена церемонија на својот уште раскошен хотел. 

Репубиканскиот претседателски кандидат Трамп во средата ја прекина својата претседателска кампања за свечено да го отвори луксузниот хотел. Во друштво на сопругата Меланија и своите деца Иванка, доналд Џуниор, Ерик и Тифани официјално ја пресече црвената лента при отворањето на хотелот. „Трамп интернешенел хотел“, е дел од синџирот на хотели на Трамп, и е сместен во Вашингтон во зградата изградена во 1899 година, за чиешто реновирање платил 200 милиони долари. Хотелот има 150 соби, а веќе е резервиран до крајот на декември.

„Бизнис инсајдер“ објави фотографии од внатрешноста на ова раскошно здание.

Хотелот е сместен во близина на Белата куќа до која има само 15-тина минути одење.

Најевтината соба чини 450 долари за една ноќ, а претседателскиот апартман чини 12.000 долари на ноќ. Тука се наоѓа и „апартманот Иванка“ кој чини 1.050 долари на ноќ. 

Од таванот на големото хотелско фоаје висат кристални лустери. Мебелот го избрала неговата ќерка, Иванка Трамп, во соработка со дизајнерската компанија ХБА, а таа била задолжена и за осмислувањето на велнес и фитнес центарот во хотелот. 



Во барот реткото и скапо вино се сервира во сребрени лажици. Во коктел за 100 долари под името „Бенџамин“ се наоѓа компир, сирови школки, водка и кавијар. 




Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре