(ФОТО+ВИДЕО) ПОЖАР ВО КИНЕСКИ ХОТЕЛ: Изгореа 10 луѓе внатре
Објавено во: Свет 25 Февруари, 2017
Во хотел во југоисточна Кина изби голем пожар при што загинаа 10 лица.
Пожарот се случи во градот Нанчанг. Огнот ги „заробил“ луѓето што се наоѓале во објектот.
На видеата што беа објавени на кинеските социјални мрежи се гледа густ облак од чад како се создава над хотелот. Едно лице заврши во болница откако скокна од прозорец за да се спаси.
Медиумите објавија дека акцијата на пожарникарите е завршена, а постои сомнение дека пожарот го предизвикала машина што се користи за сечење на градежни материјали. Истрагата е во тек, а уапсени се 7 лица.