(ФОТО+ВИДЕО) СЕ БРОЈАТ ЖРТВИ: Тајфун уриваше куќи и превртуваше бродови
Објавено во: Свет 05 Ноември, 2017
Најмалку 27 луѓе загинаа, а 22 се исчезнати при тајфунот Демри, што вчера ги погоди централните и јужните делови на Виетнам.
При ударот на ветровите, кои наместа дувале и со брзина до 90 километри на час, се оштетни над 40.000 станбени и деловни објекти. Поради невремето властите евакуираа околу 33.000 лица. Досега се урнати 370 куќи, а од силните бранови се превртеле шест бродови, при што исчезнале 36 лица, а 25 мина се спасени. Поради тајфунот Демри се одложени 40 авионски летови.
Од тајфунот најтешко се погодени реоните на Виетнам познати по одгледување на кафе, поради што се очекува одлагање на почетокот на бербата.