ФОТО+ВИДЕО: Се урива „Џунглата“ - мигрантите пружаат отпор
Објавено во: Свет 24 Октомври, 2016
Oтстранувањето на големиот мигрантски камп во францускиот град Кале, во близина на
границата со Британија почна утрово.
Ангажирани се 1.200 полицајци и десетици булдожери за уривањето на кампот, во кој се проценува дека се наоѓаат до 10.000 мигранти. Тие со околу 60 автобуси ќе бидат пренесени во прифатните центри во внатрешноста на Франција. Популарно наречениот камп „Џунгла“, околу година и пол служи како место за собирање на мигрантите, кои сакаат да преминат во Велика Британија, преку тунелот Ламанш. Француските власти велат поголем дел од нив не сакаат да го напуштат кампот. Состојбата е тeнзична, откако синоќа избија нови немири.
Мигрантите се од Африка, Блискиот Исток и Централна Азија, а меѓу нив често имаше судири.