16 Април, 2024
0.0459

ФОТО+ВИДЕО: Ураганот Метју „коси“ во повеќе земји - има и жртви

Објавено во: Свет 05 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Седум лица загинаа на Хаити и во Доминиканската Република во ураганот Метју. 

Тој денеска се очекува да ја погоди и Куба. Жариштето на ураганот се движи кон источните делови на Куба со брзина на ветрот од 220 километри на час. Последниве неколку денови се евакуирани над 300.000 граѓани од загрозените источни подрачја, а во земјата е прогласена и вонредна состојба. Претходно Метју однесе најмалку три жртви и предизвика голема материјална штета во Хаити. Југот од земјата е целосно отсечен. Училиштата ќе останат затворени до понеделник, но претседателските и парламентарните избори закажани за в недела ќе се одржат. 

Метју ја зафати и Доминиканската Република, при што загинаа четири лица и беше нанесена штета на приближно 200 живеалишта, а 800 луѓе се евакуирани, соопштија локалните власти. Ураганот се движи и кон Бахамите, по што се очекува да се насочи кон САД. Властите во Јужна Каролина веќе спроведуваат евакуација на еден милион жители. Првично, гувернерот на таа сојузна држава , Ник Хејли воведе вонредна состојба. Вонредна состојба е прогласена и во одредени области во Џорџија и Северна Каролина, а се очекува истото да се случи и на Флорида.

Метју се смета за најразорниот ураган во областа на Карибите во последните 10 години.




Можеби ќе ве интересира

ЧИНИ 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Украина тврди дека уништила руска радарска станица

ЧИНИ 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Украина тврди дека уништила руска радарска станица

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

ОГАН ГО ГОЛТНА СИМБОЛОТ НА КОПЕНХАГЕН! Драма во Данска: Позната историска зграда гори, кулата се сруши (ВИДЕО)

ОГАН ГО ГОЛТНА СИМБОЛОТ НА КОПЕНХАГЕН! Драма во Данска: Позната историска зграда гори, кулата се сруши (ВИДЕО)

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ИЗРАЕЛ ОДЛУЧИ КАКО ДА ГО ОДВРАТИ ИРАН ОД ПОНАТАМОШНИ НАПАДИ: Началникот на Генералштабот во посета на базата Неватим

ИЗРАЕЛ ОДЛУЧИ КАКО ДА ГО ОДВРАТИ ИРАН ОД ПОНАТАМОШНИ НАПАДИ: Началникот на Генералштабот во посета на базата Неватим

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза