29 Март, 2024
0.0242

ФОТО+ВИДЕО: Запознајте го пештерскиот манастир стар 22 века...

Објавено во: Стил 23 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Единствениот пештерски манастир Дамбула, со пет светилишта е најголемиот, најдобро сочуван храм  во Шри Ланка. 

Од особено значење се будистичките мурали со површина од 2100 квадратни метри, како и распоредените 157 неверојатни статуи. Тој е светско културно наследство во Шри Ланка. Се наоѓа на 148 километри источно од Коломбо и на 72 километри северно од Кандил. Лоциран е на 160 метри над околните рамнини. Во околината има повеќе од 80 документирани пештери. Главните атракции се распределени во пет пештери кои имаат древни статуи и слики.  

Во праисторијата, тука живееле луѓе и така било до доаѓањето на будизмот во Шри Ланка. Овој спелеолошки комплекс датира од п.н.е. Тој вклучува пет пештери под огромна надвисната карпа. Секоја од нив има своја величественост.