(ФОТО+ВИДЕО) ЗАВЕАНА ХРВАТСКА: На патиштата хаос
Објавено во: Балкан 13 Ноември, 2017
Хрватска е парализирана поради снег. Снежното невреме кое ја зафати државата е причина за затворањето на неколку линии на траекти како и на копнениот сообраќај.
Забранет е сообраќајот за камиони со приколки, додека граничниот премин Пасјак е затворен за сообраќај. Хрватските медиуми пишуваат дека снег паѓа во Капела, на Сљеме и Горски Котар.
Во Хрватска утрово е измерена снежна покривка од 10 цм.
Сообраќајот се одвива во зимски услови.Во Црна Гора пак, издадено е предупредување од црвен метеоаларм поради исчекување на силен дожд, ветар и силни грмотевици.
Алармот е на сила поради исчекување на силен дожд од најмалку 50 мм за 12 часа, ветер со јачина од 50 км на час и силни грмотевици. До крајот на неделата и во Србија се очекува снег.