28 Март, 2024
0.0255

FOX ТВ од овој месец во Македонија, Хрватска, Албанија…

Објавено во: Стил 10 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Фокс меѓународните  канали (FIC) од  15 октомври ќе започнат со емитување на нивната програма. Хрватска , Албанија, Босна, Бугарија, Македонија, Црна Гора, Србија, Словенија и Косово, ќе имаат можност да уживаат во драмите, комедиите, трилери и детективски приказни кои се дел од програмата на овој познат меѓународен телевизиски  канал. Како што изјавија од FIC, за сега е сигурно дека во  Хрватска нивната програма ќе се емитува преку Хрватскиот Телеком (MaxTV) но со оглед дека  се работи со сите поголеми провајдери на платен ТВ сервис соработка веројатно ќе се прошири. -Новиот канал доаѓа во време кога нашите брендови се добро воспоставени во повеќето земји. Сепак новиот бренд ќе ни овозможи да влеземе подлабоко во пазарите во кои ние се уште не сме емитувале програма од  FOX канали", велат од FIC . Со оваа новина ќе се зголеми постоечкиот пакет на Фокс ТВ, кој се состои од Fox Life, Fox Crime, Фокс Филмови, National Geographic Channel и  Sky News. Ова е можност да се покачи вредностa за нашите филијали и нивните претплатници и привлекување на нови рекламни", вели Красимир Николов, извршн директор на FIC. -Станува збор за најголемата инвестиција на FIC во Југоисточна Европа што ќе им понуди на гледачите највлијателна содржина на  20th Century Fox и други големи студиа, но и европската продукција", вели Николов. FIC во оваа година донесе 21 отсто повеќе претплатници во Европа. Фокс меѓународни канали е инаку дел од мултимедијална компанија која е дел од News Corporation. Во светот, на каналот Фокс со повеќе од 390 милиони претплатници.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи