20 Април, 2024
0.0275

Фрамерите да си поднесат барања за субвенции за млеко и несилки

Објавено во: Агробизнис 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Се поднесуваат  барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од мај до септември 2016 година. 

Рокот е до 5 ноември, а помошта од државата е 3,5 денари по литар, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

Барањата може да се доставуваат и по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

„Висината на поддршката изнесува 100 денари за купена и внесена неслика во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца“- појаснуваат од АФПЗРР.

Барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или по пошта. Образецот за поднесување на барањата, како и потребната документација може да се подигне во Агенцијата или да се преземе од веб страницата: www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2016“, „Обрасци“.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари