Француска новинарка ранета во Мосул почина во Париз
Објавено во: Свет 24 Јуни, 2017
Француската новинарка Вероник Роберт(54) која пред пет дена беше повредена во експлозија од нагазна мина во ирачкиот град Мосул, почина денеска во Париз.
Оваа вест ја објави медиумската телевизија „Франс телевизион“.
По неколку операции во Багдад, таа е пренесена во воена болница во главниот град на Франција, каде што почина.
Во истиот напад загинаа и францускиот новинар, Стефан Вилнев и Ирачанецот, Бахтијар Адад.
Роберт беше позната француска новинарка. Снимаше репортажи за популарната емисија „Envoye special“ (Специјален известувач).
Бомбаши-самоубијци се разнеле во источниот дел на Мосул, во близина на ирачката армија. Првиот експлодирал кога бил осомничен од полицаец. Вториот напаѓач успеал да влезе во трговски центар и да се разнесе меѓу цивилно население, при што загинаа најмалку две лица и повредувајќи повеќе од девет лица. Третиот бомбаш-самоубиец е убиен од полицијата, пред да го активира појасот со експлозив.