25 Април, 2024
0.1347

Француските социјалисти: Нема приватизации на државните компании

Објавено во: Свет 07 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Првиот секретар на француската Социјалистичка партија, Жан-Филип „Харлем“ Дезир во интервју за телевизкскиот канал БФМТВ, најави дека нема да има приватизации на компаниите кои се во целосна или делумна сопственост на државата Франција.

Европратеникот Дезир објасни дека намалувањето на државното учество во акциите на некои претпријатијата „не претставува приватизација“ и според него нема да има приватизација.

Првиот човек на фрацуските социјалисти објасни дека приходите од отстапените акции ќе бидат искористени за инвестирање во „големите планови за иднината“ како дигитализацијата или еколошката транзиција.

- Државата може да одлучи дека е интересно да се отстапат неколку проценти во индустриските претпријатија без притоа да го загрози својот капацитет на влијание, рече Дезир. - Овие продоажби на акции нема ќе служат за финансирање на државниот буџет или негово надополнување, додаде тој.

Првиот човек на владејачките социјалисти смета дека не треба државата да се откаже од претпријатијата кои се јавни сервиси, како државната железница или поштата. Тој како можност каде можат да се отстапат акции ги спомена „Рено“ и „Франс телеком“.

Деновиве во Франција беше отворена полемика откако министерот за индустриска обнова Арно Монтбур, се спротистави на продажба на францускиот ривал на „Јутјуб“, „Дејлимојшен“, кој е во сопственост на „Франс Телеком“, на „Јаху“

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек