Добивај вести на Viber
Пратениците од ЕП синоќа усвоија резолуција за јакнење на соработката во доменот на фискалната политика меѓу 11 држави од ЕУ - Германија, Франција, Белгија, Португалија, Словенија, Австрија, Грција, Италија, Шпанија, Словачка и Естонија и изгласаа воведување данок на финансиски трансакции.
Данокот се воведува на барање на Франција и Германија, а и покрај противењето на Велика Британија кон овој вид одданочување.
Новата мерка предвидува одданочување во тргувањето со акции и обврзници во висина од 0,1 отсто односно 0,01 отсто на тргување со финансиски деривати. Според меѓународна невладината организација Оксфам, која се бори против сиромаштијата во светот, приходите од финансиски трансаскции може да бидат околу 37 милијарди евра додека француското МНР тврди дека тие нема да бидат поголеми од 10 милијарди евра.