Добивај вести на Viber
Франција стравува дека вредноста на еврото е превисока и дек тоа може да го загрози опоравувањето на европската економија. Ова го изјави францускиот министер за финансии Пјер Московиси.
Тој планира тоа прашање да го покрене на состаноците на министри за финансии во еврозоната и Групата 20 најразвиени држави и економии во раст во следната недела. Според Московиси, Париз не бара да се изврши притисок врз ЕЦБ или да се поттикне меѓународен спор за девизниот курс.
„Сметаме дека меѓународниот монетарен систем мора да се реформира и стабилизира за да не зависи од расположението на пазарите“, изјави тој пред денешниот самит во Брисел. По растот од 6,5 % во изминатите шест месеци, еврото е на 14-месечен максимум во однос на доларот и на највисоко ниво во изминатите 2,5 години во однос на јенот