Добивај вести на Viber
Осум милионери има во француската влада, а на чело на листата се нашол министерот за надворешни работи Лоран Фабриус со имот вреден повеќе од осум милиони евра, од кои 2,7 милиони се однесуваат на стан во Париз.
Министерката надлежна за пензионери, поранешна докторка и шефица на клиника, Мишел Делонеј, поседува имот во вредност од пет милиони евра, од кои 3,1 милиони во недвижнини.
Следи министерот за труд, Мишел Сапен, премиерот Жан Марк Еро- со 1,5 милиони евра, министерката за образование Жорж По Ланжевен, министерката за спорт Валери Фурнејрон, министерката на здравство Марисол Турен и министерот за прекуокеански работи, Викторен Лурел.
И уште некои министри пријавиле имот поголем од 520.000 евра, што е значајно повеќе од имот што го поседува едно просечно француско домаќинство, а кое во 2010 година вредело 280.000 евра.
Но, средната вредност на имотот на министрите изнесува 154.600 евра, што значи дека половина од министрите поседуваат поголемо богатство,а другата половина од имотот која вредно помалку од тој износ.