Добивај вести на Viber
Французите во просек оценуваат дека за добар живот во нивната земја е потребна месечна нето плата од 2.683 евра, покажува анкетата на истражувачката куќа ЦСА. Мажите се помалку скромни од жените, така нивниот праг на заработувачка за пристоен живот изнесува 2.819 евра, а кај жените 2,558 евра, пишува „Паризиен“.
Со годините на живот се зголемуваат и апетитите по прашањето за потребите на месечните финансии, па така во категоријата на возраст од 25 до 34 години посакуваното ниво на плата е 2.215 евра, а кај лица постари од 65 години дури 3.178 евра.